[rev_slider alias=“u10-pro-xl-1″][/rev_slider]
МАКСИМАЛНА УДОБНОСТ | ВРВНИ ПЕРФОРМАНСИ
CFMOTO UFORCE U10 PRO Highland е луксузно работно-рекреативно UTV возило кое ги обединува моќноста, напредната технологија и врвната удобност, дури и во најпредизвикувачките услови. Го придвижува моќен трицилиндричен мотор со работна зафатнина од 998 cm³, кој развива приближно 88 КС, во комбинација со електронско EPS сервоуправување и два режима на возење – WORK и NORMAL, кои овозможуваат приспособување на перформансите според условите и потребите на возачот. Кабината е целосно затворена и климатизирана, со греење и ладење, електрични прозорци и голем 8-инчен екран (RideSync®) со Apple CarPlay® интеграција.
Товарниот простор е опремен со електрично подигање на товарниот сандак, што овозможува лесно и практично истоварување. Носивоста на товарниот сандак изнесува приближно 454 kg (1.000 lbs), додека максималниот капацитет на влечење достигнува околу 1.134 kg (2.500 lbs).
Независната суспензија на сите четири тркала, диск-сопирачките и можноста за избор на погон 2WD / 4WD со блокада на диференцијалот обезбедуваат стабилност, сигурност и одлична управливост на различни видови терени.
UFORCE U10 PRO Highland е идеален избор за земјоделство, шумарство, комунални и теренски работи, но и за рекреативни и авантуристички патувања што бараат повисоко ниво на удобност, моќност и современа технологија.
СТАНДАРДНА ОПРЕМА: Целосно затворена кабина, LED осветлување, електрично витло со влечна сила од 4.500 lbs, звучници, греење и ладење на кабината, 8-инчен MMI екран на допир, електрично отворање на ветробранското стакло, електрично подигнување на товарниот сандак.
Во цената е вклучен ДДВ. ВОЗИЛАТА ПРИКАЖАНИ НА ФОТОГРАФИИТЕ МОЖЕ ДА ИМААТ ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА КОЈА НЕ Е ВКЛУЧЕНА ВО ОСНОВНАТА ЦЕНА НА ВОЗИЛОТО!
Цените се однесуваат на основниот модел, а дополнителната опрема се наплатува според важечкиот ценовник на овластениот дистрибутер.
ГРЕЕЊЕ – ЛАДЕЊЕ
* Цените изразени во EUR се од информативен карактер. Сите плаќања се вршат во денари (MKD) по важечкиот девизен курс.
* Во цените е вклучен ДДВ.
ДОПЛАТА ЗА КАМОФЛАЖНА БОЈА – 200 €
ТРИЦИЛИНДРИЧЕН ПОГОНСКИ АГРЕГАТ
Овој погонски агрегат не е само моќен – со 90 КС и импресивен вртежен момент од 94,5 Nm – туку е и ефикасен и сигурен. Конструиран е за да обезбеди рамномерно и возбудливо возење, дури и кога возилото е целосно оптоварено, без никакви компромиси во поглед на перформансите и удобноста.
НАПРЕДНИ ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМИ ЗА УПРАВУ
Електронските системи за управување го прават користењето на возилото поедноставно, попрактично и побезбедно при секојдневната работа. Моделот е опремен со современи команди што овозможуваат лесно управување со сите клучни функции на возилото.
ЕЛЕКТРОНСКИ КОМАНДИ:
- Копче START–STOP за стартување и гаснење на моторот
- Електронско менување на степените на пренос E-SHIFT (P, R, N, L, H)
- Асистент при спуштање по надолнина (со можност за исклучување)
- Електронско управување со подигнувањето на товарниот сандак
- Електронски прекинувач за блокада на диференцијалот: 2WD / 4WD / 4WD Lock
- Електронска паркинг-сопирачка (EPB)
- Асистент при тргнување по нагорнина
- Два режима на возење: WORK / NORMAL
ЦЕЛОСНИ ВРАТИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ПОДИГАЧИ НА ПРОЗОРЦИТЕ
Целосните врати, во бојата на возилото, ја затвораат кабината од двете страни. Во вратите се вградени електрични подигачи на прозорците, што дополнително го зголемува нивото на удобност за сите патници. Резултатот е помалку бучава, заштита од навлегување прашина во кабината и поголема безбедност при возењето.
ЕЛЕКТРИЧНО ОТВОРАЊЕ НА ВЕТРОБРАНСКОТО СТАКЛО
Отворањето на предното ветробранско стакло се активира со притискање копче, кое ги придвижува електромоторите и овозможува стаклото да се подигне од долу нагоре. Во горниот, централен дел на стаклото е интегриран бришач со прскалка за течност, кој обезбедува добра видливост и во неповолни временски услови.
ЗАДНО СТАКЛО
Задното стакло има поделена конструкција и е опремено со централен лизгачки прозорец што се поместува настрана. Дополнително, има и заптивки што спречуваат навлегување вода, обезбедувајќи подобра заштита и поголема удобност во кабината.
ГРЕЕЊЕ И КЛИМАТИЗАЦИЈА (HVAC СИСТЕМ)
Луксузни елементи на опрема што веројатно не би ги очекувале во кабината на едно UTV возило. Системот HVAC опфаќа греење (H), вентилација (V) и климатизација (AC).
Покрај тоа што обезбедува оптимална температура во кабината, HVAC системот има задача да го подобри и квалитетот на воздухот, со максимална ефикасност и удобност за сите патници.
АУДИО СИСТЕМ И ЗВУЧНИЦИ
Моделот UFORCE U10 PRO HIGHLAND е опремен со интегриран аудио систем, кој дополнително го зголемува нивото на удобност при возењето и работата на терен. Во кабината се вградени квалитетни звучници што обезбедуваат јасен и моќен звук, овозможувајќи им на возачот и патниците да уживаат во музика и други аудио содржини, дури и во предизвикувачки услови на возење.
ВРВНА УДОБНОСТ ЗА ПАТНИЦИТЕ
Кабината на моделот UFORCE U10 PRO HIGHLAND е опремена со премиум седишта обложени со квалитетна кожа, со елегантни декоративни шевови што дополнително го нагласуваат луксузниот карактер на возилото. Внимателно избраните материјали и прецизната изработка обезбедуваат долговечност и отпорност, дури и во тешки работни услови.
Седиштата се ергономски обликувани за да обезбедат максимална потпора и удобност за возачот и патниците при возење по нерамен терен.
ЕЛЕКТРОХИДРАУЛИЧНО ПОДИГНУВАЊЕ НА ТОВАРНИОТ САНДАК
Електрохидрауличното подигнување на товарниот сандак претставува исклучително практично решение што ја олеснува секојдневната работа со возилото. Сандакот може да носи товар до 454 kg, а благодарение на хидрауличниот цилиндар, истоварувањето се извршува брзо и без напор.
Возилото има и капацитет на влечење до 800 kg, што го прави многу корисно за различни работни задачи. Товарниот сандак е опремен и со системот CF-Connect, кој овозможува едноставно монтирање дополнителна опрема и приклучоци.
E-SHIFT МЕНУВАЧ И ЕЛЕКТРОНСКА ПАРКИНГ-СОПИРАЧКА (EPB)
Интелигентниот систем E-SHIFT овозможува лесно, прецизно и исклучително мазно менување на степените на пренос, без дополнителен напор. Достапните позиции се P, R, N, L и H, што му овозможува на возачот едноставно приспособување на различните услови на возење и работа.
Со функцијата AUTOHOLD / автоматско паркирање, при гаснење на моторот системот E-SHIFT, со помош на електронската паркинг-сопирачка EPB, автоматски го префрла менувачот во положба „P“ и на тој начин спречува несакано поместување на возилото.
Кога возилото се наоѓа на нагорнина, системот помага и при тргнување. При додавање гас од положбите H, L или R, возилото кратко се задржува во место за да се спречи неконтролирано движење наназад при поаѓањето.
8-ИНЧЕН MMI ЕКРАН НА ДОПИР
Уживајте во возењето на UTV возило со удобност каква што нуди современ SUV, благодарение на 8-инчниот MMI екран на допир и новиот аудио систем. Интуитивниот интерфејс овозможува едноставно управување со бројни функции на возилото и обезбедува прегледно и модерно корисничко опкружување.
Софтверот на возилото може да се ажурира и од дома, преку апликацијата CFMOTO RIDE, благодарение на системот OTA (Over-The-Air), кој ја користи комуникациската единица T-Box (дополнителна опрема).
P/R/N/H/L (паркирање / возење наназад / неутрална положба / висок степен на пренос / редуциран пренос за теренско возење)









