КОМПАКТНО ВОЗИЛО. ГОЛЕМИ АВАНТУРИ.
CFORCE 625 Touring EPS е еден од најбараните ATV модели, како во Македонија, така и ширум светот. Совршената комбинација од моќност, димензии и современ дизајн, заедно со напредните технички можности, ќе ги импресионира и најпребирливите возачи. Благодарение на сигурната конструкција и напредната технологија, ова сестрано ATV возило е подготвено да го совлада секој терен и секој предизвик.
СТАНДАРДНА ОПРЕМА: EPS сервоуправување, алуминиумски бандажи, дигитална инструмент-табла, штитници за рацете, дводелно седиште, потпирач за грбот и рачки за придржување на совозачот, приклучок од 12 V, USB приклучок, електрично витло, кука за приколка со електричен приклучок за светлосна сигнализација, LED светла и ретровизори.
* Цените изразени во EUR се од информативен карактер. Сите плаќања се вршат во денари (MKD) по важечкиот девизен курс.
* Во цените е вклучен ДДВ.
ВЛЕЧЕ.
ТУРКА.
РАБОТИ.
ПОГОНСКИ АГРЕГАТ
Современ едноцилиндричен погонски агрегат со најнови технологии и BOSCH систем за вбризгување гориво.
Се одликува со рамномерна испорака на моќноста, висок вртежен момент, ниски емисии на штетни гасови и мала потрошувачка на гориво.
ДИЗАЈНЕРСКО СТУДИО
KISKA
Моделот X625 е дизајниран во студиото KISKA, а неговиот изглед е во согласност со најсовремените светски трендови во дизајнот на ATV возила.
ЕВОЛУЦИЈА НА ДИЗАЈНОТ
Атрактивната LED светлосна лента на задниот дел впечатливо го истакнува карактерот на ова ATV возило и покажува дека за него речиси и не постојат граници.
LED СВЕТЛА
LED осветлувањето на предниот и задниот дел обезбедува моќна и јасна светлина во сите временски услови.
CVTech ВАРИЈАТОР
Канадскиот варијатор CVTech, со конструкција без спојка, претставува клучен технички елемент за оптимални перформанси и удобно возење во сите услови.
ЕКРАН
Современиот LCD екран овозможува поврзување со паметен телефон преку Bluetooth технологија, како и управување со основните функции на телефонот преку копчињата за прифаќање и завршување повици.
Сите клучни информации за возилото, вклучувајќи 12 различни параметри, се прикажани јасно и прегледно на инструмент-таблата.
СУСПЕНЗИЈА
Конструкцијата на моделот X625 овозможува големи приодни агли, додека прогресивната суспензија и сервоуправувањето обезбедуваат исклучителна удобност при возење, дури и на најпредизвикувачките терени.
Суспензијата од најновата генерација овозможува прилагодување во 5 степени.
ВИТЛО
Електричното витло со влечна сила од 3.000 lb, со кое се управува директно од возачкото седиште, е дел од стандардната опрема на моделот CFMOTO CFORCE 625 TOURING EPS.
EPS СЕРВОУПРАВУВАЊЕ
Моделот X625 користи интелигентно, прогресивно EPS сервоуправување. Во зависност од брзината на возење, нивото на асистенција автоматски се прилагодува, со што се намалуваат оптоварувањето и заморот на рацете на возачот.









