ВОДЕЧКИ POWERSPORT БРЕНД СО ГЛОБАЛНО ПРИСУСТВО

КОМПАНИЈАТА CFMOTO

Врвни ATV возила

CFMOTO ATV возилата претставуваат спој на моќ, сигурност и современа технологија, што ги прави еден од најпрепознатливите избори во светот на четиритркалните возила.

Моќ и стил на две тркала

CFMOTO мотоциклите се создадени за возачи кои од секое возење очекуваат повеќе моќ, повеќе технологија и повеќе возбуда, со гаранција до 5 години.

CFMOTO фабрики
ПОВЕЌЕ ОД ОНА ШТО ГО ОЧЕКУВАТЕ

За нас – CFMOTO

Компанијата CFMOTO, основана во 1989 година, развива, дизајнира и продава висококвалитетни теренски возила наменети за различни видови подлоги. CFMOTO се занимава со производство и испорака на сигурни и исплатливи ATV возила, UTV и SSV возила, мотоцикли и скутери, како и соодветна опрема.

Уште од своето основање, во соработка со повеќе од 1.500 добавувачи, компанијата CFMOTO успешно има развиено и пласирано на пазарот повеќе од 98 модели возила и 51 модел мотор. Нашите модели успешно се дистрибуираат не само во регионот, туку и во повеќе од 92 земји ширум светот. Токму поради тоа, компанијата CFMOTO се вбројува меѓу водечките и технолошки напредни производители од светска класа во Powersport индустријата.

НАШАТА ВИЗИЈА

НАШАТА ВИЗИЈА

Нашата визија е да го развиваме CFMOTO како врвен powersports бренд со премиум портфолио на производи, кој континуирано се приспособува на промените на глобалниот пазар. Внимателно ги следиме потребите и желбите на нашите купувачи и го одржуваме нивото на услуга што се очекува од еден премиум бренд.

CFMOTO има изградено силно присуство на пазарите во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Компанијата има основано и регионални центри во Европа, Соединетите Американски Држави и Тајланд, со што дополнително ја зајакнува својата глобална мрежа и достапноста на производите.

CFMOTO фабрики

CFMOTO USA

CFMOTO KINA

CFMOTO TAJLAND

CFMOTO EUROPE

CFMOTO седиште
МЕСТОТО КАДЕ ШТО СЕ СОЗДАВА МАГИЈАТА

СЕДИШТЕТО НА CFMOTO

Глобалното седиште на компанијата CFMOTO се наоѓа во Хангџоу (Hangzhou), главниот град на кинеската провинција Џеџијанг (Zhejiang). Овој град воедно е и втор по големина во делтата на реката Јангце, веднаш по Шангај.

Седиштето на CFMOTO се простира на вкупна површина од околу 280.000 квадратни метри и опфаќа два кампуси, а според податоците од 2025 година компанијата вработува повеќе од 10.000 луѓе.

СОВРЕМЕНО ОПРЕМЕНИ ПРОИЗВОДСТВЕНИ ПОГОНИ

ФАБРИКИТЕ НА CFMOTO

CFMOTO располага со современи производствени погони во Кина, Тајланд и Мексико, каде што се произведуваат мотори, off-road возила, мотоцикли и електрични возила. Овие фабрики се опремени со современи технологии, автоматизирани производствени линии и напредни системи за контрола на квалитетот, што овозможува прецизно и ефикасно производство во согласност со највисоките светски стандарди.

Голем акцент се става на иновациите, истражувањето и развојот, со цел секој производ да ги исполни високите очекувања на пазарот и на корисниците ширум светот. Современите технологии, дигитализираните процеси и строгата контрола на квалитетот се интегрирани во секоја фаза од производството.

РЕЧИСИ ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ ПОСТОЕЊЕ

ПРЕСВРТНИЦИ НИЗ ИСТОРИЈАТА

КОМПАНИЈАТА CFMOTO

Каде што завршува обичниот пат, започнува CFMOTO

Повеќе од 30 години, CFMOTO развива сигурни, моќни и иновативни возила што ги поместуваат границите на возењето. Со комбинација од современа технологија, врвно инженерство и бескомпромисен квалитет, создаваме ATV, UTV возила и мотоцикли што обезбедуваат максимални перформанси на секој терен.

Благодарение на професионалниот пристап и континуираниот развој, CFMOTO денес е еден од најпрепознатливите брендови на глобалниот пазар, присутен во бројни европски и светски земји. Нашата мисија е едноставна – на возачите да им понудиме врвни возила, сигурност и незаборавно искуство при возењето по пристапна цена.

Со CFMOTO, секое возење станува нова авантура.

КОМПАНИЈАТА CFMOTO

ТРАДИЦИЈА ДОЛГА РЕЧИСИ 4 ДЕЦЕНИИ

ОСНОВАНА
0
ЗЕМЈИ СО CFMOTO ДИЛЕРИ
0 +
ВОЗИЛА
0 +
КОМПАНИЈАТА CFMOTO

ТРАДИЦИЈА ДОЛГА РЕЧИСИ 4 ДЕЦЕНИИ

ОСНОВАНА
0
ЗЕМЈИ СО CFMOTO ДИЛЕРИ
0 +
ВОЗИЛА
0 +
CFMOTO

ПОСЛЕДНО ОД БЛОГОТ