CFMOTO, Uncategorized, Новитети

Најава: Мото Ден на 7-ми мај со CFMOTO!

2

Тимот на CFMOTO организира МОТО ДЕН, од еднодневен карактер посветен на промоција и тест-возење на моделите на брендот, кој ќе се одржи на 7-ми мај со почеток од 10:00 ч.

Локацијата, а воедно и појдовна точка е продажниот салон на CFMOTO – ул.,,Пролет“ 4А – Скопје (кај Тутунски комбинат).

Од самиот почеток во 10 часот, љубителите на мотори и брзина ќе имаат можност да се запознаат со новите, но и постари модели на овој брзорастечки бренд во powersport индустријата и исто така да ги испробаат при тест-возење. Овој настан предвиден е пред се за рекреативно возење,и има за цел да обезбеди возбудливи и забавни искуства низ предвидената рута за сите нивоа и типови на возачи.

Предност имаат искусните ,,зависници’ на мотори кои се постојани возачи со важечка возачка дозвола.

 

Во понудата за тест-возење ќе бидат најатрактивните модели на пазарот на CFMOTO, а воедно и најсигурни и најисплатливи мотоцикли ширум светот. Бидејќи компанијата CFMOTO секогаш гледа однапред далеку и се труди да го даде најдоброто за своите обожаватели и корисници, затоа и овој пат реши да ги изненади со тест-возење на кое ќе може да се испробаат:

  • МТ 800 ABS – нов модел во популарниот сегмент ADVENTURE мотоцикли.
  • MT 650 ABS – сестран мотоцикал со богата опрема, современа техника,одлична агрономија…
  • GT 650 ABS – преференција за спортески мотоцикал, но со удбност за долги патувања и опрема достојна за турер модел
  • NK 300 ABS –  импресивен градски стартер со напредок во сите смерови на посилен, посовремен,посигурен мотоцикал за млади возачи
MT 800 ABS

MT 800 ABS

За да се пријавите на тест-возењето закажано на 7-ми мај можете да не исконтактирате на тел. број 075 358 533 или да ни пишете порака со ваши податоци на некоја од социјалните мрежи

Facebook: Cfmoto Macedonia 

Instagram: cfmoto.macedonia

Се гледаме на 7-ми !!!

NK 300 ABS

NK 300 ABS

GT 650 ABS

GT 650 ABS