[rev_slider alias=“450sr-s“][/rev_slider]
CFMOTO 450SR-S

ИГРАЈ ЗА
+ПОБЕДА

Ви го претставуваме CFMOTO 450SR-S, еволуција на веќе успешниот модел 450SR.
Играј за победа! Моделот 450SR-S е возбудливо олицетворение на моќта што не ги буди само вашите сетила, туку го исполнува целото ваше битие со бранови адреналин.
Еволуцијата на аеродинамичниот дизајн на овој мотоцикл оди многу подалеку од естетиката, ослободувајќи ја неговата динамична моќ и поместувајќи ги границите на брзината и перформансите.
Внимателно обликуваните аеродинамични линии не само што го нагласуваат впечатливиот изглед на мотоциклот, туку и директно придонесуваат за неговите исклучителни спортски перформанси.
Едностраната задна вилушка (Single Swingarm) овозможува прецизна контрола и стабилност при навалување во свиоците, додека аеродинамичните елементи на облогите дополнително ја подобруваат управливоста и динамиката на возењето.

СТАНДАРДНА ОПРЕМА: Еднострана задна вилушка (Single Swingarm) со KAYABA (KYB) моноамортизер, прилагодлива KAYABA (KYB) превртена (USD) предна вилушка Ø 37 mm, подобрени предни аеродинамични крилца, скриен издувен систем, систем за контрола на пролизгувањето (TCS), предна радијална сопирачка клешта BREMBO M40 со четири клипа и еден пливачки диск Ø 320 mm, задна сопирачка клешта со два клипа и диск Ø 240 mm, ABS систем, лизгачка спојка (Slipper Clutch), напредно LED осветлување, 5-инчен TFT дисплеј, систем за сигнализација при нагло сопирање (ESS – Emergency Stop Signal), алуминиумски спортски потпирачи за нозе за возачот и совозачот, спортски седишта.

6.190€

* Цените изразени во EUR се од информативен карактер. Сите плаќања се вршат во денари (MKD) по важечкиот девизен курс.

* Во цените е вклучен ДДВ.

3 Godini Garancija CFMOTO MK
CFMOTO 450MT
Nebula White Gem Black

ПОГОНСКИ АГРЕГАТ

Паралелниот двоцилиндричен мотор со работна зафатнина од 449,5 cm³ развива максимална моќност од 38 kW при 9500 врт./мин. и максимален вртежен момент од 40 Nm при 7750 врт./мин., обезбедувајќи моќни перформанси и динамична реакција на гасот во различни услови на возење.

4,8 секунди
Забрзување од 0 до 100 km/h

192 km/h
Максимална брзина

ДИЗАЈН

Едностраната задна вилушка (Single Swingarm), инспирирана од професионалните тркачки мотоцикли, го нагласува спортскиот карактер и подготвеноста на моделот CFMOTO 450SR-S да се соочи со секој предизвик на тркачката патека.

Предните аеродинамични крилца со шуплив дизајн во форма на перка од ајкула (Shark Fin) овозможуваат непречен проток на воздух низ облогите на мотоциклот, а истовремено придонесуваат за неговиот динамичен и впечатлив изглед.

Издувниот систем, интегриран во минималистички обликуваниот заден дел, дополнително го нагласува спортскиот дизајн на мотоциклот и создава моќен и препознатлив звук при возењето.

УПРАВЛИВОСТ

Моделот CFMOTO 450SR-S MY2025 располага со оптимизирани поставки на ABS системот, кои во комбинација со предниот сопирачки диск Ø 320 mm и задниот диск Ø 240 mm обезбедуваат моќно, прецизно и контролирано сопирање.

Стандардната опрема вклучува и систем за контрола на пролизгувањето (TCS), како и систем за следење на притисокот во гумите (TPMS), што дополнително придонесува за поголема безбедност и овозможува сигурно и стабилно возење во различни услови.

ИСКУСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕТО

Висината на седиштето од 795 mm, со можност за избор на пониско седиште од 785 mm, и неговата потесна форма овозможуваат полесен контакт на стапалата со подлогата.

Ваквата ергономија придонесува за поголема сигурност, удобност и самодоверба, особено при маневрирање и возење со помали брзини.

Поголемиот ветробран значително го намалува притисокот на ветерот врз возачот, придонесувајќи за подобра стабилност на мотоциклот и поголема удобност при возењето, особено при повисоки брзини.

5-ИНЧЕН TFT ДИСПЛЕЈ

5-инчниот закривен TFT дисплеј овозможува поврзување со мобилен телефон, обезбедувајќи едноставна и интуитивна интеракција помеѓу возачот и мотоциклот.

Моделот CFMOTO 450SR-S MY2025 поддржува напредни функции за поврзување преку IoV (Internet of Vehicles) системот, во зависност од опременоста на мотоциклот.

Преку официјалната апликација CFMOTO RIDE, достапни се бројни дигитални функции, како што се преглед на информации за мотоциклот и возењето, навигација преку Google Maps, MotoPlay проекција, како и следење на локацијата на мотоциклот во реално време, доколку е вграден соодветниот комуникациски модул и услугата е достапна.

Овие технологии обезбедуваат современо, практично и поврзано искуство при секое возење.

АПЛИКАЦИЈА CFMOTO RIDE

Комуникацискиот модул T-BOX* овозможува пренос на податоци од возилото до мобилната апликација CFMOTO Ride. Преку апликацијата можете да ја следите локацијата на возилото, историјата на возењата и статистиката, како и да добивате информации за неговата состојба и предупредувања при евентуално поместување или неовластено ракување со возилото.
Во апликацијата се достапни и најновите информации од светот на CFMOTO, како и податоци за овластените продажни и сервисни центри. Дополнително, апликацијата ја нуди функцијата MotoPlay, која овозможува пренос на навигацијата од мобилниот телефон директно на екранот на возилото.


* Комуникацискиот модул T-BOX е достапен како дополнителна опрема.
Одредени функции може да се разликуваат во зависност од моделот на возилото. Користењето на услугите за пренос на податоци и функцијата MotoPlay е бесплатно во текот на првата година, по што овие услуги може дополнително да се наплаќаат.
Давател на апликацијата CFMOTO Ride и поврзаните услуги за пренос на податоци е компанијата CFMOTO (Zhejiang CFMOTO Power Co., Ltd.). Достапноста, функционалноста и евентуалните промени на цените на овие услуги зависат од давателот на апликацијата и услугите.
Должина x ширина x висина
1995 x 715 x 1140 mm
Меѓуоскино растојание
1370 mm
Клиренс (растојание од подлогата)
140 mm
Минимален радиус на вртење
-
Тежина на возилото (подготвено за возење)
179 kg
Носивост
-
Капацитет на резервоарот
14 L
Мотор
Паралелен двоцилиндричен, четиритактен, DOHC, 8 вентили, течно ладење
Работна зафатнина
449,5 ccm
Максимален вртежен момент
39,3 Nm при 7750 врт./мин.
Максимална моќност
34,5 kW / 47 КС при 9250 врт./мин.
Вбризгување на гориво
Електронско вбризгување гориво – EFI
Палење и контрола
Електронско палење и контрола – ECU
Менувач
Мануелен, 6 степени на пренос, повеќеламелна мокра лизгачка спојка (Slipper Clutch), TCS
Пренос на моќност
Синџир
Максимална брзина
190+ km/h
Суспензија – напред / назад
Напред: KYB превртена (USD) телескопска вилушка Ø 37 mm, со прилагодливо придушување, од 120 mm
Назад: еднострана задна вилушка (Single Swingarm) со KYB моноамортизер, од 130 mm
Амортизери
-
Сопирачки – напред / назад
Напред: BREMBO M40, еден хидрауличен диск Ø 320 mm, радијална сопирачка клешта со четири клипа
Назад: еден хидрауличен диск Ø 240 mm, сопирачка клешта со два клипа, ABS систем
Бандажи – напред / назад
Алуминиумски – 17″ / 17″
Гуми – напред / назад
Напред: 110/70 R17 CST ADRENO HS AS5
Назад: 150/60 R17 CST ADRENO HS AS5

CFMOTO 450SR-S НА YOUTUBE КАНАЛОТ

Погледнете различни видеа со моделот CFMOTO 450SR-S на нашиот YouTube канал.

Погледнете слични возила