[rev_slider alias=“300nk“][/rev_slider]
CFMOTO 300NK

МАЛ ПО БРОЈКИ,
ГОЛЕМ ПО СРЦЕ

Напредок во секој поглед. Мотоциклите со помала работна зафатнина денес се поголеми, помоќни, посовремени и побезбедни.

Помладите возачи сигурно ќе знаат да ги ценат сите предности што ги нуди новиот CFMOTO 300NK ABS.

Импресивен пакет за градски авантури…

СТАНДАРДНА ОПРЕМА: Двоканален ABS систем, алуминиумски бандажи, дигитална инструментална табла со сензор за автоматско прилагодување на приказот во дневни и ноќни услови, дводелно спортско седиште, рачки за држење на совозачот, LED светла и сигнализација, ретровизори.

3.990€

* Цените изразени во EUR се од информативен карактер. Сите плаќања се вршат во денари (MKD) по важечкиот девизен курс.

* Во цените е вклучен ДДВ.

3 Godini Garancija CFMOTO MK
CFMOTO ABS Sistem
CFMOTO 450MT
Athens Blue Nebula Black

ПОГОНСКИ АГРЕГАТ

Едноцилиндричниот мотор со работна зафатнина од 292 cm³ обезбедува изненадувачки рамномерно и моќно забрзување, од средниот опсег на вртежи па сè до ограничувачот.

Ваквиот карактер на моторот совршено се надополнува со агилната и забавна управливост на мотоциклот, правејќи го секое возење динамично и возбудливо.

5-ИНЧЕН TFT ДИСПЛЕЈ

5-инчниот колор TFT дисплеј ги прикажува сите важни информации за возењето на јасен и прегледен начин.

На возачот му се достапни функции како управување со телефонски повици, навигациски насоки и автоматско прилагодување на осветленоста на дисплејот, што претставува натпросечна опрема во оваа класа мотоцикли.

ЛИЗГАЧКА СПОЈКА (SLIPPER CLUTCH)

За дополнителна сигурност, особено кај возачите почетници, лизгачката спојка (Slipper Clutch) помага да се спречи блокирање или потскокнување на задното тркало при нагло намалување на брзината или неправилно менување во понизок степен на пренос.

Овој систем значително придонесува за поголема стабилност и сигурност при возењето, овозможувајќи подобра контрола над мотоциклот.

LED ОСВЕТЛУВАЊЕ

LED предното светло претставува доминантен елемент на предниот дел од мотоциклот.

Тоа не само што го нагласува модерниот и препознатлив дизајн, туку обезбедува и одлична функционалност и видливост во различни услови на возење.

УПРАВЛИВОСТ

Малата тежина на мотоциклот е еден од клучните фактори што овозможуваат лесна, прецизна и динамична управливост, правејќи го возењето пријатно и забавно како за почетниците, така и за поискусните возачи.

АПЛИКАЦИЈА CFMOTO RIDE

Комуникацискиот модул T-BOX* овозможува пренос на податоци од возилото до мобилната апликација CFMOTO Ride. Преку апликацијата можете да ја следите локацијата на возилото, историјата на возењата и статистиката, како и да добивате информации за неговата состојба и предупредувања при евентуално поместување или неовластено ракување со возилото.
Во апликацијата се достапни и најновите информации од светот на CFMOTO, како и податоци за овластените продажни и сервисни центри. Дополнително, апликацијата ја нуди функцијата MotoPlay, која овозможува пренос на навигацијата од мобилниот телефон директно на екранот на возилото.


* Комуникацискиот модул T-BOX е достапен како дополнителна опрема.
Одредени функции може да се разликуваат во зависност од моделот на возилото. Користењето на услугите за пренос на податоци и функцијата MotoPlay е бесплатно во текот на првата година, по што овие услуги може дополнително да се наплаќаат.
Давател на апликацијата CFMOTO Ride и поврзаните услуги за пренос на податоци е компанијата CFMOTO (Zhejiang CFMOTO Power Co., Ltd.). Достапноста, функционалноста и евентуалните промени на цените на овие услуги зависат од давателот на апликацијата и услугите.

ИЗНЕНАДУВАЧКИ РАЗНОВИДЕН

И покрај компактните димензии, возењето на моделот CFMOTO 300NK нуди големо задоволство дури и за искусните возачи.

Неговата агилност и динамичен карактер го прават забавен и разновиден мотоцикл, погоден за различни стилови на возење.

СИГУРНОСТ ПРИ СЛАБО ОСВЕТЛУВАЊЕ

За да биде возењето поедноставно за почетниците, но и попрактично за искусните возачи, мотоциклот е опремен со осветлени контроли на управувачот.

Овој практичен детал го олеснува управувањето со мотоциклот и обезбедува подобра видливост и прегледност на командите во услови на слабо осветлување.

Должина x ширина x висина
1990 x 780 x 1070 mm
Меѓуоскино растојание
1360 mm
Клиренс (растојание од подлогата)
150 mm
Минимален дијаметар на вртење
4,7 m
Тежина на возилото (подготвено за возење)
151 kg
Носивост
150 kg
Капацитет на резервоарот
12,5 L
Мотор
Едноцилиндричен, четиритактен, DOHC, 4 вентили, течно ладење, балансно вратило
Работна зафатнина
292,4 ccm
Максимален вртежен момент
25 Nm при 7000 врт./мин.
Максимална моќност
20,5 kW / 27,9 КС при 8750 врт./мин.
Вбризгување на гориво
Електронско вбризгување гориво – BOSCH EFI
Палење и контрола
Електронско палење и контрола – ECU
Менувач
Мануелен, 6 степени на пренос
Пренос на моќност
Синџир
Максимална брзина
139 km/h
Суспензија – напред / назад
Напред: превртена (USD) телескопска вилушка Ø 37 mm
Назад: кантилеверска суспензија со прилагодлив моноамортизер
Амортизери
Назад: хидрауличен моноамортизер со прилагодување
Сопирачки – напред / назад
Напред: хидрауличен диск Ø 292 mm
Назад: хидрауличен диск Ø 220 mm, двоканален Continental ABS систем
Бандажи – напред / назад
Алуминиумски – 17″ / 17″
Гуми – напред / назад
Напред: 110/70 R17
Назад: 140/60 R17

CFMOTO 300NK НА YOUTUBE КАНАЛОТ

Pogledajte na našem YouTube kanalu različite videe sa modelom 300NK

Погледнете различни видеа со моделот CFMOTO 300NK на нашиот YouTube канал.

Погледнете слични возила